Вчера му даде гол Јунајтед, денеска ќе оди на тест во училиште

Манчестер јунајтед вчера со многу мака и по подобро изведување на пенали го исфрли (1:1, 5:3) Рочдејл од англискиот Лига куп. Менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер на теренот излезе со комбиниран тим но силен тим предводен од Погба, Лингард, Фред, и речиси се посрамоти. Додека навивачите на Јунајтед се натпреваруваат во навредите на сметка на фудбалерите, најубавата приказна на денот е Лук Матесон.

Младиот 16-годишен бек на Рочдејл вчера мораше да изостанува од училиште бидејќи тренерот го вметна во првиот тим за гостувањето на „олд трафорд“ и дуелот со Манчестер јунајтед и доживеа моменти кои ќе ги памети целиот живот. Кога постигна гол, не знаеше како да го прослави, па по неколку моменти подоцна се затрча кон навивачите.

Прочитајте и...  Тениски спектакл во Белград, Ѓоковиќ го најави доаѓањето и на Зверев

– Се фрлив на колена пред навивачите, мислев дека ќе се излизгам надвор од стадионот, ова за мене беше неверојатен момент. Сите мои пријатели се навивачи на Јунајтед, но јас го сакам Норич. Не го вклучив мобилниот телефон, но со нетрпение чекам да ги прочитам пораките – изјави младиот Лук Матесон по натпреварот.


Матесон со сигурност беше хит на денот во Англија, но денеска се врати во реалноста каде сè уште е ученик во средно училиште.

Прочитајте и...  На Дел Потро не може да крене глава од проблеми: Убавата Софија се раздели со Аргентинецот (ФОТО)

– По натпреварите секогаш имаме слободен ден, но јас ќе морам да го искористам за тест со психологија. И тоа го чекам со нетрпение, исто како и натпреварите, бидејќи образованието е многу важно. Професионалниот фудбал е супер, но никогаш не знаеш што може да се случи, затоа мора да се има план Б, а подобар од образованието, нема – вели Матесон.

Младиот англиски репрезентативец за првиот тим на Рочдејл дебитираше минатата сезона со 15 години и 336 денови, а оваа сезона има седум настапи за првиот тим на Рочдејл.

Прочитај повеќе

Изненадување за Пандев, специјален шампионски прстен од Интер (ФОТО)

Слободен печат

НБА играч шокиран од несериозноста на луѓето: Вие сте идиоти (ВИДЕО)

Слободен печат

Иџе „брмчеше “ по скопските улици за лекарите, полицајците, пожарникарите… (ВИДЕО)

Слободен печат

Германските бараат фудбалска револуција, сакаат селари кап

Слободен печат

Размислуваше за пензија, а сега е пред трансфер во Манчестер јунајтед

Слободен печат

Изборите на ЕХФ не можат без ракометари на Вардар, Дибиров номиниран за тимот на сезоната

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На Дел Потро не може да крене глава од проблеми: Убавата Софија се раздели со Аргентинецот (ФОТО)

Слободен печат

Баркли открива: Играв пијан на НБА натпревар и не се сеќавам на резултатот

Слободен печат

Поранешен фудбалер на Рома почина од срцев удар

Слободен печат

Првиот македонски спортист кој беше позитивен на корона, експресно се излечи

Слободен печат

Тениски спектакл во Белград, Ѓоковиќ го најави доаѓањето и на Зверев

Слободен печат

Крај на кариерата на Ибрахимовиќ?

Слободен печат