Вашингтон одобри нова воена помош за Украина, вредна 400 милиони долари

Ентони Блинкен
Ентони Блинкен / Фото: EPA-EFE/KAY NIETFELD / POOL

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска ја одобри 33-тата транша воена помош за Укриана во висина од 400 милиони долари, во време кога „војната на агресија на Русија против Украина продолжува а цената станува повисока“.

-Повторно се потсетуваме на безграничната храброст и цврстата решителност на народот на Украина, и силната подршка кај меѓународната заедница, рече Блинкен.

Се работи за воена помош составена од муниција за америкаснките ХИМАРС и хаубиците „што Украина ги употребува ефективно во своја одбрана“. Потоа, муниција за пешадиските оклопни возила „Бредли“, мостови за тенкови, експлозиви и опрема за демолирање и останата подршка за обука и одржување.

-САД продолжуваат со повици до светот да ја подржи Украина. Гледаме неверојатни заложби од нашите сојузници и партнери. Ја поздравуваме поддршката што повеќе од 50 земји ја изразија за заедничка солидарност со Украина за обезбедување подршка за својата одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет, изјави Блинкен.

САД ја повикаа Русија да ја оконча војната „а се додека не го направи тоа, ние стоиме обиденнети со Украина и ја засилуваме нејзината војска на военото поле за Украина да биде во најсилно можна позиција на преговарачката маса“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот