Вархеји ја поздрави одлуката на Србија за амбасадорот, ја повика Црна Гора да го направи истото

Оливер Вархеји / Фото: МИА

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји го поздрави потегот на српската Влада да ја повлече одлуката за протерување на црногорскиот амбасадор од земјата.

– Ја повикувам Црна Гора да го направи истото, напиша синоќа Вархеј на Твитер.

Тој нагласи дека добрососедските односи и регионалната соработка се основа за процесите на проширување, стабилизација и асоцијација.

Србија го прекина гостопримството на амбасадорот на Црна Гора, откако Црна Гора претходно го прогласи српскиот амбасадор во Подгорица за „персона нон грата”.

Српската премиерка Ана Брнабиќ истакна дека тоа е сторено согласно членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи.

Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од владините претставници да ја преиспитаат таквата одлука во желба Србија уште еднаш да подаде рака на соработка и пријателство, бидејќи „на регионот му е доволно од конфликти”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот