Вардар со пресврт до победа над Караорман

Фото: Фејсбук/FK Vardar

Фудбалерите на Вардар успеаја да слават на гостувањето против Караорман со 1:12 и да се израмнат на лидерската позиција на табелата во Втората лига.

„Црвено-црните“ по пет кола имаат 13 бода, исто колку и Воска која вчереа ремизираше на гостувањето кај Гостивар (2:2).

Вардар до победата дојде со головите во второто полувреме, прво Десниќ погоди за израмнување, а голот вреден три бода го постигна Жоглев во 88. минута.

Фудбалерите на Пелистер славеа на гости кај Охрид со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Маневски.

Резултати:

Беса – Слога Виница 3:2
Борец – Кожув 0:2
Детонит Плачковица – Арсими 3:1
Караорман – Вардар 1:2
Охрид – Пелистер 0:1
Пехчево Скопје – Тетекс 0:0
Каменица Саса – Беласица 1:1
Гостивар – Воска Спорт 2:2

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот