Вардар промовираше цел тим од 11 нови фудбалери! (ФОТО)

фото: facebook.com/FKVardarSkopje

Денеска шампионот од минатата сезона во Првата македонска лига (1МФЛ) пред јавноста ги претстави новите 11 имиња во составот на тренерот Александар Васоски.

Во последниот ден од преодниот рок стратегот на „црвено-црните“ доби дури шест нови летни засилувања.

Нови играчи во ФК Вардар се: Александар Игески, Дејан Блажевски, Филип Петковски, Милован Петровиќ, Ерен Парталко, Марко Мартинага, Чарлестон, Силва Дос Сантос, Бојан Најденов, Виктор Велковски и Стефан Лазаревиќ.

Вардарци во новата сезона од шампионатот во првите четири кола имаат само една победа и моментно се на 10 место во генералниот пласман со четири бода.

Новиот лигашки натпревар играчите на Васоски ќе го имаат в недела од 16.00 часот против Шкупи на Националната Арена „Тодор Проески“ – Скопје.

Поради финансиските проблеми многу играчи си заминаа од клубот, дел од нив направија трансфер во друг домашен клуб, а повеќето во странство како Новак, Леовигилдо, Тошевски, Најдовски, Ибиши, Гачевски, Аврамовски, Брдаровски, Адем и Младеновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот