Вардар поразен и во Лозана: Арбитражниот суд пресуди против „црвено-црните“ во случајот Максимов

Екипата на Вардар никако во последно време да ги израдува своите навивачи, напротив постојано се нижат лоши вести за „црвено-црните“, од заминувањето на Сергеј Самсоненко, преку неизвесноста околу добивањето на лиценца за настап во Европа, па се до денешната вест која гласи, Вардар го загуби случајо Максим Максимов пред Арбитражниот суд за спорт во Лозана.

Вардар беше во спор со литванскиот Тракаи околу трансферот на поранешниот напаѓач Максимов, а судот во Лозана денеска официјално пресуди во корист на Литванците.

Максимов во Вардар дојде на последниот ден од преодниот рок во 2017 година, но литванскиот Тракаи се жалеше дека биле изиграни и дека не можеле да го откупат за 50.000 евра колку што платија за активирање на клаузула за слобода од договорот.

Тракаи тврдеше дека Вардар го добил Максимов на нелегален начин без исплата на соодветна оштета, па Арбитражниот суд мораше да посредува меѓу двете страни и одлучи во корист на литванскиот тим.

Вардар веќе ја одлежа суспензијата која гласеше забрана за трансфери во два преодни рока, но случајот Максимов потврди дека најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија има аматерска управа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот