Вардар ја започнува одбраната на титулата против Монпелје

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Европскиот шампион Вардар, одбраната на титулата ќе ја започне во Франција, на гости кај Монпелје (11-15 септември). Тоа ќе претставува дуел на последните два шампиони во ЛШ. Во второто коло, вардарци ќе го имаат дебито пред своите навивачи и тоа против Порто (18-22 септември).

Во третото коло, „црвено-црните“ му гостуваат на Мотор (25-29 септември), а потоа следат два натпревари со конкурентите за висок пласман, дома со Кил (9-13 октомври) и на гости кај Веспрем (16-20 октомври). Во 6. и 7. Коло, Вардар е домаќин на Мешков Брест (30.10-3.11) и на Виве Киелце (6-10 ноември), со кого игра и во осмото коло, но во Полска (13-17 ноември).

До крајот на групната фаза Вардар потоа го очекуваат натпревари со Мешков Брест (гости, 20-24 ноември), Веспрем (дома, 27.11-2.12), Кил (гости, 5-9 февруари), Мотор (дома), 12-16 февруари), Порто (гости, 19-23 февруари) и  во последното коло кое треба да се игра на крајот од февруари идната година, Вардар му е домаќин на Монпелје (26.2-3.3).

Вториот македонски тим во ЛШ, Еурофарм, натпреварите ќе ги започне на домашен терен против Спортинг Лисабон, а во наредните две кола го очекуваат натпревари со Савехоф и со Бидасоа.
Во четвртото коло Е. Работник ќе го пречека Кокс од 9-13 октомври, а една недела подоцна во Македонија ќе гостува и Татран Прешов.

Во шестото коло кое се игра од 30 октомври до трети ноември Еурофарм гостува кај Татран, додека во седмото коло Битолчани ќе заминат во Лисабон за да се пресметаат со Спортинг.

Потоа гостува Савехоф кај Еурофарм во осмото коло од 13-17 ноември, а една недела подоцна Е. Работник ќе игра против Кокс на гости, додека групната ја завршува против Бидасоа на домашен терен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот