Ванеса Брајант го тужи сопственикот на хеликоптерот во кој загинаа Коби и нивната ќерка Џиана!

фото: твитер

Ванеса Брајант во својата тужба вели дека пилотот, Ара Зобијан, бил невнимателен и неодговорен во постапките на летот.

Вдовицата на НБА кошаркарот Коби Брајант кој загина во хеликоптерска несреќа, Ванеса Брајант поднесе тужба против сопственикот на хеликоптерот.

Минатиот месец загинаа девет лица, меѓу кои и 13-годишната ќерка на Коби, Џиана, како и пилотот Ара Зобијан.

Како што пренесуваат медиумите во САД, Ванеса Брајант во својата тужба вели дека пилотот бил невнимателен и неодговорен во постапките на летот. На 26. јануари, денот кога се случи несреќата, самиот одлучил да лета при неповолни временски услови, наместо да се откаже од летот.

– Комеморација за Коби Брајант во „Стејплс Центар –

Во „Стејплс Центар” во Лос Анџелес беше најавена комеморација во чест на Коби Брајант.

Датумот е симболично одбран – 24-ка носеше Брајант на дресот во вториот дел од неговата дводецениска кариера во која остана верен на Лејкерси. Голем дел од американските медиуми, како ЕСПН, вршат директен пренос од емотивното збогување со Брајант.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот