Ван Гал се врати во Ајакс во нова улога

Фото: EPA/PETER LOUS

Луис Ван Гал по 19 години се врати во Ајакс во улога на советник за фудбалски прашања.

Ван Гал пристигнува во период кога клубот поминува низ голема криза, Ајакс игра лошо од почетокот на сезоната и во овој момент е на 15. место на табелата.

Со Ајакс, Ван Гал во 1995 година ја освои Лигата на шампионите, додека во 2004 година беше и технички директор на клубот. Како тренер ги водеше екипите на Барселона, АЗ Алкмар, Баерн и Манчестер Јунајтед.

„Сакам да му помогнам на Ајакс. Живеам во Португалија, па оваа улога на советник ми одговара, можам да го понудам своето знаење на управниот одбор“, изјави Ван Гал.

Минатата недела Ајакс го смени и спортскиот директор Свен Мислинтат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот