Вајлдер го нокаутира Ортиз и ги помина Али и Тајсон

фото: EPA-EFE/FRANCK BACHINI

Американецот изминатата вечер во Парадајс сити по 10. пат едноподруго ја одбрани титулата во супертешка категорија. Вајлдер во 2015 година ја освои титулата во ВБЦ верзијата и оттогаш нема пораз во рингот.

Со 10. одбрана по ред им се приклучи на двајца боксери кои успеале најмалку 10 пати едноподруго да го одбранат шампионскиот појас во супертешка категорија, Владимир Кличко и Лери Холмс притоа оставајќи големи бокксерски имиња како Мајк Тајсон, Мухамед Али, Ленокс Луис.

Пресудна за победата на Вајлдер беше седмата рунда кога само еден удар му беше доволен на шампионот за да го прати на подот Ортиз, кој пак во првите шест рунди беше подобар боксер.


Со нокаутот над Ортиз, Вајлдер ја оствари 42 победа во кариерата од 43 меча (нерешено со Тајсон Фјури), а дури 41. пат славеше со нокаут.

Следен предизвик за Американецот ќе биде реваншот со Тајсон Фјури кој треба да се одржи на 22 февруари идната година. Првата пресметка на двајцата фантастични боксери заврши без победник.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот