В петок продолжува судењето за „Титаник”

Со изведување на околу 150 материјални докази предложени од страна на Специјалното јавно обвинителство, во Кривичниот суд во Скопје заврши денешното рочиште за предметот за изборни нерегуларности „Титаник” на СЈО, на кое присуствуваа сите обвинети со исклучок на поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство. Следното рочиште е закажано за в петок.

Предметот, кој го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска, се наоѓа во доказна постапка. Досега се изведени околу 4.850 од над 5.900 предложени материјални докази од СЈО.

Освен поранешниот премиер Груевски во „Титаник” се обвинети и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Прочитајте и...  Полицаец испукал куршум при проверка на пиштол, во инцидентот нема повредени

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Прочитај повеќе

Приведени три лица кои не дозволувале полицајци да извршат контрола во угостителски објект

Слободен печат

Скопјанец пронајден мртов во стан на булеварот „Партизански одреди”, нема траги на насилство

Слободен печат

Полицаец испукал куршум при проверка на пиштол, во инцидентот нема повредени

Слободен печат

Малолетник со нож избоде 19-годишно момче

Слободен печат

Жител на Слатино крадел стуја, пуштил кабел и до куќата на брат му

Слободен печат

Три лица од возило застрелале куче скитник

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Казни за тројца од Ресен за непочитување на полицискиот час

МИА Агенција

Кривични пријави за насилството во Матка

Слободен печат

Камион излета од патот кај Пелинце

Горан Наумовски

Тешко повредена жена во сообраќајка во Скопје

Жител на неготинско Тремник пријавил соселанец оти му го натепал детето

МИА Агенција

Седумгодишник паднал од тераса во Кавадарци