Ужас во полициска станица во Загреб, се самоуби осомничен додека го испрашувале

Хрватска полиција
Полиција, Хрватска / Фото: Профимедиа/Илустрација

Момче на возраст од 25 години кое било спроведено во полициска станица во Загреб поради криминалистичка истрага, се самоубило со огнено оружје.

Според првичните информации, за осомничениот е утврдено дека законски поседува повеќе парчиња огнено оружје кое при претресот во куќата доброволно го предал, соопшти полицијата.

Од таму додаваат дека полицајците му го одзеле наведното оружје, па во службените простории почнале формална постапка на одземање и попишување на огненото оружје, објави Индекс.хр.

Момчето, кое до тогаш целосно соработувало и со своето однесување не покажувало знаци дека би си наштетило на себе или на полициските службеници, во еден момент со брз потез зел еден пиштол и со него пукал во себе.

Веднаш по сознанието за инцидентот, главниот инспектор на полцијата упатил стручен тим полициски службеници од Директоратот на полицијата за да се утврдат сите околности на овој настан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот