Утре автобусите на ЈСП нема да возат, вработени повторно се без плата

Фото: ЈСП „Скопје“

Утре скопјани ќе останат без градски автобуси бидејќи вработените не ја добиле јануарската плата, соопшти попладнево претседателот на Синдикатот на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП), Миќо Стојановски.

Тој истакна дека денеска – 15-тиот ден во месец е последниот законски ден за исплата на плата, но на сметките на вработените не се префрлени пари.

Нема плата, нема возење, дополни тој.

„Не се договоривме така со градоначалничката, со директорот. Советот на Град Скопје си ја заврши својата работа, ја донесе одлуката. Остана сега парите да се префрлат и платата да си биде во редовен рок. Меѓутоа, бидејќи чекаме до 14:30 часот кога е последниот миг да се префрлат парите во ЈСП и да легнат на сметката на вработените, тоа не се случи. Вработени експресно реагираа и ги информираме граѓаните дека вработените одлучија утре јавен градски превоз да нема“, рече претседателот на синдикатот, Миќо Стојановски.

Според најавата нема да работат билетарниците, контролорите, работнилниците и возачите.

Минатиот месец Советот на Град Скопје со 25 гласа „за“ и ниту еден против и воздржан на вонредна седница донесе одлуката за давање на субвенции на ЈСП Скопје за 2024 година во висина од 11 милиони евра.

Со апсолутно мнозинство донесена одлука за давање субвенции на ЈСП Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот