„Утопија во Тексас“: Илон Маск планира да изгради цел град во кој ќе живеат неговите вработени

Глобалното седиште на „Tesla“ е во областа Остин, како и канцелариите на „Boring Company“, а во тек е изградбата на објектите „SpaceX“ и „Neuralink“.
Новиот сопственик на „Твитер“, Илон Маск, купуваше земјиште околу имотот во последните неколку години, а деталите за обемот на неговите планови за областа само што почнаа да се појавуваат.Според новиот извештај, Маск наводно планира да изгради цел град во кој ќе живеат неговите вработени, кој планира да го нарече „Снеилбрук“, името на маскотата на „Boring Company“.
Маск го опишал потфатот како „Утопија на Тексас“ каде што неговите работници би можеле да живеат во понови домови за поевтини кирии – сите под негова контрола.
View this post on Instagram
Ова не се само шпекулации, градот наводно е веќе во изградба, а локацијата спроти новите објекти на Boring и SpaceX е веќе опремена со модуларни домови, базен и теретана. Официјалните претставници на округот ги одобриле имињата на улиците во областа како што се „Боринг булевар“, „Катерхед премин“ и „Вотерџет Веј“.
Една компанија поврзана со Маск, Гапд Бас, наводно поднела документи за изградба на уште 110 домови во областа „Проект Амајзинг“, за што соработувала со производителот на куќи Ленар.
View this post on Instagram
Од минатата година, вработените во Boring Company, наводно, веќе можеле да аплицираат за домовите што ги гради Маск, со „кирии кои почнуваат од околу 800 долари месечно за стан со две или три спални соби“.
Вработен на „Твитер“ го праша Маск дали е уште дел од компанијата