Уште шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се потребни за уставните измени, вели Изет Меџити

Фото: „Слободен печат“

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити и други членови на неформалната фракција во партијата, т.н. „огнена група“, вечерва одржаа дебата во Гостивар, на која Меџити рече дека за постигнување на двотретинското мнозинство од 81 пратеник во Собранието за уставните измени, потребни се само уште шест гласа на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега за Европа ќе одат со Арбен Таравари, кој до вчера беше со Москва и со Левица. Оваа коалиција не е за Европа, туку за спас на Артан Груби. За да се изгласаат уставни измени потребни сè уште шест пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, но и тоа не е сигурно, па ќе треба да се обезбедат уште, со нова акробација, рече Меџити.

Тој зборуваше за иницијативата која ја повеле со сопартијците и за која рече дека е „за спас на партијата и лидерот“. Тој се осврна и на рејтингот, кој според него има тренд на опаѓање, и рече дека се неопходни промени.

– На овие средби граѓаните ми рекоа: Добро што излеговте за да го спасите ДУИ од Груби. Ние навистина сакаме да ја спасиме партијата и лидерот. Али Ахмети треба да го собере Централното собрание и да видиме кој треба да седи и кој да оди. Од нас никој не бара да биде дел од Владата, подвлече Меџити.

Поранешниот градоначалник на Гостивар и висок партиски функционер во ДУИ, Невзат Бејта, пред сограѓаните напомена дека изминативе дваесет години се вложило многу за доброто на партијата, а неговиот ангажман бил по барање на сограѓаните. Тој ги коментираше неодамнешните средби кои раководството на ДУИ ги имаше во гостиварско и притоа направи споредба со направеното и реализираните проекти.

На дебатата свои излагања имаа и Башким Хасани, заменик министер за одбрана, Муса Џафери, Блерим Беџети, Саранда Имери и пратеникот Кастриот Реџепи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот