Уште еден потрес во Албанија: Земјотрес во јачина од 4 степени регистриран во Јадранското Море

земјотрес / илустрација

Тлото во Албанија никако да се стабилизира. Пред еден час во Јадранското Море беше регистриран уште еден, нов земјотрес, со силина од 4 степени на Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на 32 километри северозападно од Тирана.

Како што е досега познато, Албанија утринава беше погодена од силен земјотрес со силина од 6,4 степени по Рихтеровата скала.

Според информациите од надлежните, досега се регистрирани 15 жртви, додека над 600 луѓе имаат побарано медицинска помош во болниците.

Помош на Албанија за справување со кризата ветија многу држави, меѓу кои и Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот