Уште еден авио гигант „потклекна“ пред кризата: „United Airlines“ отпушта 36 илјади вработени

Компанијата „United Airlines“ има намера да отпушти 36.000 работници. И оваа, како и другите авиокомпании, е тешко погодена од пандемијата предизвикана од корона вирусот.

„United Airlines“ е третата по големина авиокомпанија во светот. Во планифраните 36 илјади откази планирани се отпуштања на 15.000 стјуардеси, 11.000 работници кои работат на сервисни услуги,5.500 работници ангажирани на одржување и 2.250 пилоти.

Оваа корпорација неколку месеци претходно предупреди дека ќе биде приморана да даде голем број откази доколку авиосообраќајот не профункционира пред октомври. Американските власти обезбедија милијарди долари помош за авиопревозниците.

За сериозноста на ситуацијата со која се соочува оваа компанија говори и тоа дека во моментов имаат само една четвртина летови во однос на нивниот број претходната година.

Од компанијата порачуваат дека биле принудени да донесат ваква одлука со која значително се намалува бројот на работни места. Тврдат дека направиле се да не дојде до оваа ситуација. Голем број работници од почетокот на пандемијата се пуштени на неплатен одмор.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот