Уште денес на работа, а потоа три дена за прослава
Утре е неработен ден бидејќи се одбележува државниот празник „11 Октомври – Ден на народното востание“. Граѓаните ќе празнуваат според можностите некој на продолжени викенди во земјвата или соседството, а некој дома.
Владата пак има набиена агенда за прослава. Како што информираа од Владата настани ќе се одржат во Прилеп, Куманово и Скопје, на 11 октомври. Владината делегација во Куманово ќе ја предводи премиерот Зоран Заев, заменик претседателот во владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за образование и наука, Арбер Адеми и министерката без ресор, задолжена за странски инвестиции и Зорица Апостолска. Делегацијата на Владата во Прилеп ќе ја предводи министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, заедно со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и министерот без ресор задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан.
Празничните активности во Скопје ќе започнат со положување цвеќе на Партизанските гробишта во Бутел, а владината делегација во главниот град ќе ја предводи заменик претседателот во Владата на Република Северна Македонија, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, заедно со министерката за финансии Нина Ангеловска, министерот за администрација и информатичко општество Дамјан Манчевски и министерот за економија, Крешник Бектеши. Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и членови на владата ќе присуствуваат и на свеченоста во Собранието по повод доделувањето на високата државна награда „11 Октомври“.