Уште 15 дена куќен притвор за малолетникот што го прегази доктор Ѓорѓи Јота

На малолетникот кој без возачка дозвола со БМВ го прегази професорот на Медицинскиот факултет и дигестивен хирург доктор Ѓорѓи Јота, па се обиде да избега од местото, продолжен му е куќниот притвор за нови 15 дена дознава „Слободен печат“ од свои доброупатени извори во Јавното обвинителство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје поднесе Барање за поведување подготвителна постапка спрема дете во ризик постаро од 14 години, за кое постои основано сомнение дека извршило дејствие кое со закон е определено како кривично дело тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 3 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, како и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Подготвителната постапка се’ уште трае и таа во надлежност на судијата за деца при Основниот кривичен суд Скопје.

Во меѓувреме, мерката куќен притвор за детето во ризик е продолжена за дополнителни 15 дена. Со оглед на многубројните коментари во јавноста, Јавното обвинителство појаснува дека Законот за правда на децата претставува процесен закон, односно lex specialis со кој се регулира постапката и процесните дејствија во предмети против деца во ризик – сторители на кривични дела.

Во исто време, во однос на правната квалификација на стореното дело, согласно член 6-а став 2 од Кривичниот законик​, Обвинителството ги применува одредбите на Кривичниот законик.

Шеснаесетгодишник без возачка дозвола со БМВ го прегази хирургот доктор Ѓорѓи Јота

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

За малолетникот кој со БМВ го згази познатиот хирург доктор Ѓорѓи Јота побаран е куќен притвор и одземање на пасошот

Малолетникот кој го прегази д-р Јота може да избегне малолетнички затвор

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот