Малолетникот кој го прегази д-р Јота може да избегне малолетнички затвор

Сообраќај / фото МИА

Со оглед на тоа што малолетникот кој зад воланот на БМВ завчера во вечерните часови го прегази познатиот македонски хирург д-р Ѓорѓи Јота кој е во тешка состојба, нема наполнето 18 години, против него ќе се води кривична постапка според Закон за право на детето, пишува СДК.мк.

Шестнаесетгодишникот без возачка дозвола, ќе одговара по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста во сообраќајот, каде за ова дело е предвидена затворска казна од една до пет години.

Со оглед на тоа што е малолетен, тој може да добие и воспитно-поправна мерка и надзор од Центар за социјална работа, место малолетнички затвор, вели законот.

Според законот неговите родители нема да имаат одговорност бидејќи немаат врска со настанот и немаат одговорност во случајов. Ако дојде до судење, нему ќе му суди судија за малолетници, а не судија од кривичен оддел на полнолетни лица.

Шеснаесетгодишник без возачка дозвола со БМВ го прегази хирургот доктор Ѓорѓи Јота

Филипче: Состојбата на доктор Јота е сериозна, но и стабилна во моментот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот