УРАГАНОТ ДОРИЈАН ОДНЕЛ ЖИВОТ НА 5-ГОДИШНО ДЕТЕ: Паднал од кров, а неговиот татко засекогаш ќе му ги памети последните зборови

Ураган

Кога водата се доближила до кровот од нивната куќа, Адријан Фарингтон од Бахамите, го однел својот петгодишен син сам на кровот, мислејќи дека таму ќе биде побезбеден. Со скршена нога го носел малиот Еј Џеј до кровот, кој не прекинувал да плаче, јавуваат светските медиуми.

Меѓутоа, пред да успеат да стигнат до кровот, силен налет на ветер го однел детето од неговите раце и го фрлил назад во водата. Момчето викало: Тато, Тато, но веќе било предоцна. Адријан се обидел да го спаси синот, но од водата не се гледало ништо.

– Се уште ми е пред очи сликата како гледа во мене и вика: Тато, помош – изјавил Адријан.

Наскоро Адријан ја загубил силата поради ветрот и големите бранеови, па морал да се тргне на безбедно. Стигнал до црква која набргу се срушила поради водата и ветрот. Изјавил дека видел најмалку 12 луѓе како умираат, заробени вантре.

Иако се надева дека ќе му го пронајдат синот, шансите за тоа се многу мали.

-Она што јас го видов во моментот кога го загубив беше страшно Кој знае што се случило. Ајкули пливаа во вода, било што можело да се случи. Петгодишно момче во таква ситуација нема големи шанси да преживее – изјавил таткото.

Откако ги уништи Бахамите, ураганот Доријан се упати на југоисток во САД. Во саботатата стигна до брегот на сојузните држави Северна Каролина и Вирџинија со јачина на ветерот од 150 километри на час. Следна мета на Доријан е Канада, каде ураганот ќе удри првпат по 2010 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот