Универзитетот Сиан Џиаотонг во Кина го укина тестот по англиски јазик како услов за диплома

Универзитетот Сиан Џиаотонг во Кина / Фото : Roberto Machado Noa / Shutterstock Editorial / Profimedia

Еден од најдобрите универзитети во Кина ги укина тестовите по англиски јазик како предуслов за дипломирање, што повторно ја поттикна дебатата за улогата на овој светски јазик во образовниот систем на земјата, јави Си-Ен-Ен.

Универзитетот Сиан Џиаотонг, во главниот град на провинцијата Шанси, соопшти дека од студентите повеќе нема да се бара да полагаат национален стандардизиран тест за англиски јазик или кој било друг испит по англиски јазик за да добијат диплома.

Објавата предизвика дебата на социјалните мрежи, при што многумина ја пофалија одлуката и повикаа повеќе универзитети да го сторат истото, додава Си-Ен-Ен.

Полагањето на тестот за англиски јазик, национален стандардизиран испит за првпат одржан во 1987 година, беше услов за дипломирање на повеќето кинески универзитети со децении, иако властите никогаш не го направија тоа задолжително.

Во последните години, некои универзитети ја минимизираа важноста на англискиот јазик, или со замена на националниот тест по англиски јазик со свои испити или, како во овој случај, со целосно отфрлање на квалификацискиот испит за англиски јазик како критериум за дипломирање.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот