Уникатен десерт: Викторија Спенџарска Стин ни направи сиров Фереро Роше тарт

Викторија Спенџарска Стин
Викторија Спенџарска Стин / Фото: Приватна архива

Викторија Спенџарска Стин е мајка на слатките Љубљана и Емона, активист во неколку невладини организации и поборник за здрав начин на живот.

Викторија Спенџарска Стин ни носи несекојдневен десерт: Чизкејк со лимета и зелена мача

Оваа прекрасна жена стои зад инстаграм-профилот @vegan_viki_, кој ќе ве освои од прва со шаренилото и веднаш ќе посакате да рекреирате некој од нејзините здрави рецепти.

„Мора да го направите и овој сиров тарт зошто е највкусното нешто на свет! Ако немате таков калап може да го направите и како чизкејк“, вели Вики.

Потребни состојки:

За базата:

  • 2 шолји лешници
  • 2 лажици путер од лешници (доколку немате може да користите 1 1/2 шолја сирови и 1/2 шолја печени лешници)
  • 25 свежи урми
  • прстофат сол

За филот:

  • 2 шолји киснати индиски
  • 2/3 шолји кокосово млеко
  • 2 лажици путер од лешници
  • 4 лажици јаворов сируп
  • 2 лажици какао

За декорација:

  • 1/3 шолја темно чоколадо
  • 1 лажица кокосово масло
  • 2 лажици кокосово млеко
  • 1/3 шолја ситно сецкани лешници

Подготовка:

Најпрво ситно се мелат лешниците да се добие брашно, но внимавајте да не претерате со мелењето па да добиете путер. Се префлаат во сад па се блендираат урмите со лажица-две вода да се добие смеса како густ карамел. Се ставаат и урмите кај лешниците, се додава путерот од лешници и се меша состојките убаво да се соединат и да се добие густа смеса. Се става во силиконски калап за тарт и се израмнува со шпатула или со чаша со рамно дно. Се става во замрзнувач додека се подготвува филот. За филот се ставаат сите состојки освен какаото во блендер и се блендира неколку минути на најјако. Зависи од јачината на блендерот може ќе треба да додадете уште малку млеко за да добиете баш кремаста структура. Половина од смесата истурете ја во калапот за тарт и порамнете со шпатула, а во другата половина додајте го какаото и изблендирајте за да се измеша. Истурете ја и таа половина и вратете го тартот во замрзнувач. Растопете го чоколадото во сад на пареа заедно со кокосовото масло и млеко. Кога ја правев тортата јас заборавив да ставам млеко и после кога ја сечев, чоколадото ми се искрши и воопшто не изгледаше привлечно затоа не заборавајте на млекото. Цврсто и крцкаво чоколадо е супер за бомбици, но не и за торта која ќе треба да ја сечете. Истурете го чоколадото врз тартот и веднаш по него декорирајтете со сецкани лешници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот