„UniCredit“ подготвува конкурентна понуда за „Commerzbank“

Италијанската банка „UniCredit“ подготвува конкурентна понуда вредна неколку милијарди евра за купување на германскиот банкарски гигант „Commerzbank“.

Веста беше соопштена во позадина на тековните разговори за спојување на „Commerzbank“ и „Deutsche Bank“, кои сепак сè повеќе се загрозени од отпор од повеќе земји.

„UniCredit“ планира да купи значаен удел од „Commerzbank“ и да ја спои со „HypoVereinsbank“ – германскиот кредитор кој веќе го поседува, објавија анонимни извори запознаени со прашањето.

Агенцијата „Ројтерс“ посочува дека од италијанската банка засега одбиваат да коментираат во врска со оваа тема.

На почетокот на март, „Commerzbank“ и „Deutsche Bank“ официјално објавија дека спроведуваат прелиминарни разговори за кои се шпекулира со месеци. И додека идејата за нивно обединување е поддржана од властите во Берлин, многу други фактори продолжуваат да го попречуваат договорот.

Од една страна тоа се раководителите на двете финансиски институции – главениот извршен директор на „Deutsche Bank“, Кристијан Зевинг и неговиот колега од „Commerzbank“, Мартин Цилке, кои според запознаени извори неволно се согласиле на преговорите.

Во исто време синдикатите исто се спротивставија на евентуалното спојување, бидејќи тоа според нив ќе ги загрози работните места на десетици илјади вработени во банките.

Некои од главните акционери на „Deutsche Bank“, вклучувајќи ја и катарската влада, исто така, имаат недоверба на планот.

Германските граѓани, исто така, се спротивставија на договорот. Околу 43% од жителите на земјата се против спојувањето, покажува истражувањето на социолошката агенција „Insa“, цитирано од „Ројтерс“. Во исто време, само 17% од испитаниците го поддржуваат обединувањето на двете најголеми германски банки.

Од истражувањето во кое учество зеле 2.012 лица, станува јасно уште дека 30% немаат мислење во врска со ова прашање, а 10% одбиле да одговорат. Имајќи ги во предвид само оние на испитаниците, тогаш е јасно дека 71% од луѓето се против и 29% се за.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот