Унгарски европратеник: Земјите од Западен Балкан заслужуваат шанса за членство во ЕУ

Европската унија им должи на балканските земји да им даде шанса да се приклучат кон Унијата, изјави во Стразбур европратеникот од редовите на унгарската партија Фидес, Балаж Хидвеги, додавајќи дека проширувањето на Балканот е клучна стратешка и политичка можност и одговорност на ЕУ.

Коментирајќи го одбивањето на францускиот претседател Емануел Макрон да се отворат преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, Хидвеги истакна дека тоа прашање барало политичка расправа за која „Унгарија е подготвена”.

Европратеникот ја нагласи поддршката на неговата земја за проширување на ЕУ, тврдејќи дека тоа е во интерес на Унијата да стане посилна и постабилна.

Зборувајќи за претстојниот самит ЕУ-Западен Балкан во мај следната година во Загреб, тој изрази надеж дека земјите членки тогаш ќе одржат вистинска политичка расправа за иднината на Унијата, а проширувањето на ЕУ со балканските земји би можело да се врати на дневен ред.

Според него, ЕУ, исто така, треба да ги има предвид руските интереси и ширењето на руското влијание на Балканот, нагласувајќи дека регионот историски, географски и политички е дел од Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот