„Уморниот“ Зидан подготвува оставка на крајот од сезоната?

epa09135694 Real Madrid's head coach Zinedine Zidane reacts during the UEFA Champions League quarter final, second leg soccer match between Liverpool FC and Real Madrid in Liverpool, Britain, 14 April 2021. EPA-EFE/Peter Powell

Како што пишува goal.com, и притоа повикувајќи се на изјави на играчи на Реал Мадрид, тренерот Зинедин Зидан се подготвува за заминување од клупата на крајот на сезоната.

Наводно, Зидан бил „уморен“ и не планирал да биде тренер на „кралскиот клуб“ и наредната сезона иако договорот му трае до 2022 година. Медиумот се повикува на неколку фудбалери на Реал Мадрид кои сметаат дека промената на клупата е неизбежна бидејќи Зидан бил „уморен“ и „фрустриран“ и повеќе не сака да се носи со работи кои се надвор од негова контрола.

Како дел од работите кои не може да ги контролира и кои му создаваат голем притисок на Зидан е дневната рутина по која мора да се придржува поради строгите корона протоколи, како и поради податокот дека за натпреварите се подготвува без вистински контакт со тимот.

Во Реал наводно беќе започнале и со барањето замена за Зидан и како можни наследници се споменуваат Јоаким Лев кој на лето си заминува од селекторската функција во германската репрезентација, но и клупската легенда Раул кој е тренер на вториот тим на Реал Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот