Украински бегалец освои 500.000 евра на лотарија во Белгија

Фото: Pixabay

Воен емигрант од Украина освоил 500.000 евра благодарение на ливчето „греб-греб“, соопшти денеска белгиската национална лотарија.

Добитникот е на возраст меѓу 18 и 24 години и живее во Брисел изминатата година, објави Ројтерс.

Тој минатиот месец на бензинска пумпа купил лото ливче од пет евра, кое по успешното гребење го помножил со 100.000 пати.

Идентитетот на добитникот ќе остане непознат, како што е правилото за сите добитници на лотарија во Белгија.

Портпаролката на Националната лотарија Џоке Вермер рече дека добитникот имал измешани чувства.

„Тешко е да се биде задоволен со оглед на се што се случува во неговата татковина“, истакнала таа и додала дека младиот човек прво сака да направи прослава за да им се заблагодари на сите што му помогнале да се интегрира во Белгија, а потоа сака да направи нешто за неговите сонародници и за обновата на Украина.

Таа спомна дека мажот, иако е среќен во Белгија, каде што се вработил, би сакал да се врати во Украина штом ќе заврши војната.

Добивките на лотарија во Белгија се ослободени од данок, а куриозитет е што минатата година 165 луѓе од едно мало белгиско село освоија 142.897.164 евра на лотарија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот