Укинат домашниот притвор за Јакимовски

По барање на Јавното обвинителство на Македонија, судија на претходна постапка од Кривичниот суд му го укина домашниот притвор на поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски. Во замена за укинатата мерка на Јакимовски му е одредена мерка на претпазливост.

На Јакимовски во март му беше одреден куќен притвор откако тој и уште четири лица беа осомничени дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување, во периодот од 2011 до 2017 година, при постапување по барања за утврдување на правен статус на објекти лоцирани на улицата „Илинденска“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот