УЈП: Корисниците на МојЈДДВ кои имаат транскакциска во Еуростандард банка да извршат промена

Фото: Драган Митрески

Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основ за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки, велат од УЈП.

Управата за јавни приходи апелира до граѓаните кои во апликацијата МојДДВ имаат внесено трансакциска сметка од Еуростандард Банка, да извршат промена со внесување на валидна трансaкциска сметка, со цел исплата на  средства од поврат на ДДВ за физички лица.

„Промената на трансакциската сметка во апликацијата МојДДВ се врши на следниот начин: најавете се во апликацијата МојДДВ и во долниот дел од екранот одберете  го прозорчето „профил”,  потоа во делот трансакциска сметка внесете ја Вашата нова трансакциска сметкаОваа промена треба да ја потврдите со лозинка која ја користите за најава на Е-ПДД, потоа го бирате копчето ,,зачувај” и Вашата трансакциска сметка е сменета.

Оваа промена апелираме да ја направат и сите оние корисници на МојДДВ кои имаат внесено погрешна трансакциска сметка. Точно внесените податоци во апликацијата МојДДВ се основ за исплата на поврат на ДДВ за сите граѓани кои ја користат апликацијата и скенираат фискални сметки“ велат од УЈП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот