УХМР: Поројни дождови во Струмичко и во Берово

Подрачјето на Струмица и околината, како и Берово попладнево се зафатени од нестабилна воздушна маса, која е пратена со интензивен пороен дожд, грмежи и можна појава на град.

Нестабилната облачна маса се движи кон југ во правец на Валандово, Дојран и Богданци, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Оттаму посочуваат дека нестабилно е и во повеќе места во источниот и во планинските подрачја во југозападниот дел од земјата, како и над Преспанското Езеро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот