УЕФА не стравува од одлуката на судот во Мадрид

Оваа одлука најверојатно ќе почне да се применува од идната недела, кога стартува новата сезона во европските купови/Фото: EPA-EFE/LAURENT GILLIERON

Европската фудбалска федерација (УЕФА) одби да ја примени одлуката на судот во Мадрид за бришењето на санкциите за клубовите кои се обидоа да ја формираат европската Суперлига.

Девет од 12 клубови (Милан, Интер, Атлетико Мадрид, Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотенхем) кои беа дел од иницијаторите на „Лигата на богатите“ се повлекоа само 48 часа по објавувањето на одлуката дека формирале ново натпреарување. Единствени кои останаа верни на Суперлигата се Реал Мадрид, Барселона и Јувентус.

Судијата Мануел Руис де Лара изминатиот петок побара од УЕФА на својата официјална страница да ја објави одлуката за повлекување на санкциите под закана дека ќе направи криминал доколку не го стори тоа. Судијата Де Лара исто така бараше од челниците на Премиер лигата и на Серија А да ги повлечат одлуките против екипите кои учествуваа во формирањето на Суперлигата.

Одговорот на УЕФА беше неочекуван за судијата Де Лара и за Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, европската куќа на фудбалот нема намера да се откаже од санкциите и е убедена дека ќе го добие спортот во Европскиот суд на правдата.

Добра околност за УЕФА е тоа што нејзиното седиште се наоѓа во Швајцарија, така што не е дел од Европската унија и не подлежи на нејзините правила и закони.
Деветте екипи кои се повлекоа од Суперлигата платија по 15 милиони евра во фондот за развој на фудбалот и се откажаа од пет проценти од приходите кои ќе ги остварат во натпреварувањата под капата на УЕФА:.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот