УЕФА го презентира првиот предлог, ЕП се одложува за идното лето

твитер

По првиот од трите пртедвидени итни видео состаноци, УЕФА ја донесе првата очекувана одлука.

Според новинарот Тарик Пања, на првиот состанок од вкупно три кои денеска треба да се одржат, УЕФА донесе предлог да се одложи Европското првенство за наредната година.

За да стане конечна одлуката, неа треба да ја ратификуваат фудбалските федерации на европските земји, но новинарот нема сомнежи дека тоа ќе се случи бидејќи самите федерации бараа одложување на континенталниот собир.

Според Пања, УЕФА морала да донесе ваков предлог поради големиот притисок од најмоќните фудбалски федерации како италијанската, германската, англиската и шпанската.

Со ваквиот предлог дефинитивно се одложуваат и бараж натпреварите од Лигата на Нации преку ки своја шанса за настап на ЕП гледа и Македонија. Во баражот од групата Д, Македонија требаше на 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ да игра против Косово, но најверојатно тој натпревар ќе се игра на есен.

Со оваа одлука на УЕФА се отвора можноста сите национални првенства да завршат во текот на летото за да се зачува регуларноста, а се очекува на лето да биде и завршницата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот