Учителки од Хрватска се збунија на ТВ и ја насмејаа цела јавност (ВИДЕО)

Проблемот што ги снајде водителката и учителката кои се намачија да решат тест за меморија, го видоа сите, откако снимка од телевизиската настава која се емитува на ХТВ стана вистински хит на социјалните мрежи.

Во задачата во која треба да се употреби помнење за да се спојат четири пара од осум наведени термини, водителката и наставничката неколку минути не успеваат да го сторат тоа.

„Баш не ни оди како што треба“, вели во обидот да се пошегува наставничката, изразувајќи надеж дека учениците кои од дома треба да ја решат задачата се поуспешни од нив.

„Нема врска, сега ни се смеат. Малку ги насмеавме“, заклучува водителката, а од студиото може да се слушне гласното смеење на камерманите.

„Деца, најдобро ќе биде вие ова да го решите, па да ни се јавите. Можеби ќе бидете поуспешни, ние тука целосно се збунивме“, порача наставничката.

Погледнете во 23 минута од видеото.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот