Убиена сопругата на легендарниот музичар, крадци ја застрелале во семејниот дом

Фото: Профимедиа

Сопругата на легендарниот музички директор Кларенс Авант, Жаклин, е убиена во вторникот во нејзиниот дом во елитната населба Трусдејл Естејтс во Лос Анџелес. 

Жаклин ја убиле крадци кои упаднале во нивната семејна куќа.

Полицијата на Беверли Хилс била повикана во куќата во соседниот Трусдејл Естејтс во 2.30 часот наутро, откако анонимен човек се јавил и рекол дека некој е застрелан и убиен.

Сопругата на Авант, со која бил заедно 54 години, Жаклин Авант, итно била пренесена во болница, каде што подоцна починала, пред да пристигне полицијата. Жаклин имала 81 година.

Извор од семејството на трагично загинатата Жаклин
изјавил за ТМЗ дека разбојниците пукале додека влегувале во куќата и ја погодиле сопругата на Авант.

Авант (90) во тој момент бил дома, но не е јасно дали е повреден во нападот.

Легендарниот музички директор беше примен во Куќата на славните во октомври, а покрај него беше неговата сопруга.

Нивната ќерка Никол Авант е во брак со извршниот директор на Нетфликс, Тед Сарандос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот