Убедлив пораз на младите фудбалери од Словенија

фото: ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 21 година беше поразена убедливо од Словенија со 3:0 на последниот контролен натпревар пред стартот на квалификациите за пласман на Европското првенство.

Избраниците на селекторот  Благоја Милевски одиграа под очекувањето и беа заслужено поразени од Словенија. Сите три погодоци противникот ги постигна во првиот дел. Уште на стартот на средбата во 2 минута Матко погоди за предност на словенците. На 2:0 зголеми Прелец во 7 минута. Во самиот финиш од првиот дел Светлин погоди за конечни 3:0.

Во продолжението нашиот селектор направи неколку измени во играчкиот состав, но резултатот остана непроменет. Македонија се обиде да го намали резултатот, но безуспешно.

Ова воедно беше и последната контролна средба на нашата репрезентација пред стартот на квлификациите за пласман на Европското првенство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот