УБАВА ВЕСТ: Парите за малата Илина се собрани, ќерката на нашата колешка заминува за Истанбул на лекување

Симона Пармачка Блажевска, мајката на Илина, воедно и дел од тимот на Слободен печат, синоќа  соопшти на јавноста дека потребните финансиски средства за лекувањето се собрани.

На малaтa Илина од Скопје и беше дијагностициран Неуробластом (тумор на надбубрежната жлезда). Поради големината на туморот, Илина беше итно оперирана минатиот месец.

За среќа, операцијата помина успешно, но битката се уште трае. Следи период на долго опоравување, Илина ќе мора да продолжи да се лекува и да прима терапии.

ДА ДОНИРАМЕ, ДА СПАСИМЕ ДЕТСКИ ЖИВОТ: Aпел за помош за 9-месечната Илина која се бори со неуробластом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот