Уапсен жител на Дебар кој се обидел да силува сограѓанка

Одделението за внатрешни работи од Дебар приведе и лиши од слобода дебранец кој се обидел да силува своја сограѓанка.

-Во саботата околу 22 часот, го приведе и од слобода го лиши Б.Д.(33) од Дебар поради постоење основи на сомневање дека го сторил казненото дело „обид за силување”. Тој, делото го сторил во домот на 42-годишна жена, жителка на Дебар, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој додава дека по целосно документирање на настанот, против Б.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот