Уапсен велешанец за обид за силување на девојка која ја возел во својот автомобил

Фото: Архива на Слободен печат

Полициски службеници од СВР Велес вчера рано утрото во 03,50 часот го лишиле од слобода П.С.(31) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата сограѓанка М.Ј.(24) дека претходно се обидел да ја силува.

Според пријавителката инцидентот се случил околу 02,00 часот, на автопат Скопје -Велес во близина на исклучок за манастир Св.Јован, додека таа се превезувала во патничко моторно возило „опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.С., тој физички ја нападнал и се обидел да изврши обљуба.

За настанот е известен јавен обвинител,  и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот