УАПСЕН УГЛЕДЕН СРПСКИ ДОКТОР ПО НАУКА: Пукал во сопругата пред децата, таа побегнала низ тераса

Сопругата О.А. од сигурна смрт ја спасило само тоа што Огњен бил толку пијан што не можел да ја погоди со истрелите од пиштолот.

Огњен А. (51) кој е уапсен под сомнение дека со пиштол пробал да ја убие сопругата пред своите малолетните деца во нивниот стан во Белград е доктор по наука и иноватор кој се појавувал на телевизија и давал интервјуа за различни светски медиуми, дознава српски „Блиц“.

Сопругата О.А. од сигурна смрт ја спасило само тоа што Огњен бил толку пијан што не можел да ја погоди со истрелите од пиштолот. Драмата се одиграла на петти јануари, по кратка расправија помеѓу сопружниците во станот во Белград, а потоа Огњен извадил еден од трите пиштоли кои ги имал во нелегален посед и почнал да пука по О.А.

Бегајќи од мажот, несреќната жена скокнала низ тераса, а тој продолжил да ја брка, па така почнал да пука и на улица. За среќа, промашил два пати.

Кога полицијата го уапсила кај него биле пронајдени три пиштоли, придушувач, муниција од различен калибар и чаури.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот