Уапсен шверцер на марихуана

Синоќа околу 21.20 часот на регионалниот пат Струга – Радожда, полициски службеници запреле „фиат“ со струшки таблички, управувано од Д.Б. (21) од струшкото село Велешта. Во возилото сопатник бил А.О.(19) од струшко Биџево. При преглед на А.О., во неговиот ранец, полицајците одзеле вреќи со марихуана. Од МВР известија дека шверцерот А.О. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот