Уапсен шефот на одделот за борба против наркотици во Бугарија

Бугарската полиција го уапси началникот на Одделот за спречување шверц на дрога при Директоратот за борба против организиран криминал, како и уште двајца високи функционери, поради наводно примање поткуп во замена за заштита на локалните и меѓународните трговци со наркотици.

– Тие се осомничени поради штитење на активностите на организираните криминални групи, вмешани во шверц со дрога во Бугарија и странство, изјави јавниот обвинител Иван Гешев на вонредна прес-конференција.

Тој истакна дека е загрижувачки фактот што се осомничени „највисоки претставници во борбата против наркотици во Бугарија и главните лица за контакт со меѓународните партнери, не само во ЕУ”.

Бугарија, која е членка на ЕУ од 2007 година, се наоѓа на една од главните рути за трговија со дрога кон земјите од Западна Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот