Уапсен млад скопјанец, со пиштол се заканувал во обложувалница

Илустрација/Архива на Слободен печат

 Дваесет и едногодишен скопјанец е приведен под сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво” во спортска обложувалница на улица „Финска”.

Скопјанецот е приведен вчера во 21:10 часот, а Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека станува збор за Н.Ј.

Со наредба од Основниот кривичен суд Скопје извршен е претрес во неговиот дом, при што бил пронајден пиштол „Екол &Волтран Туна” со два куршуми во рамка и уште пет куршуми непознат калибар и марка, за кои постоои сомнение дека ги употребил при извршување на делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот