У17: Македонските фудбалски надежи разочараа, пораз и од Луксембург во Скопје

Македонија У17 со три порази ги заврши евроквалификациите/фото: ФФМ

Репрезентацијата на Македонија до 17 години загуби со 3:2 и од селекцијата на Луксембург во последниот натпревар од мини квалификацискиот турнир за пласман на Европско првенство што ќе се одржи во Унгарија 2023 година.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ на тренинг центарот „Петар Милошевски” со нов пораз го заокружија овој квалификациски циклус. Македонија одлично го започна натпреварот. Мухамед Елмас успеа да погоди уште во четвртата минута и да и донесе предност на својата селекција.

Противникот во период од четири минути успеа да направи комплетен пресврт. Израмнувачки гол постигна Бенслаиман во 36 минута. Голот за водство на Луксембург го постигна Федерспиел во 40 минута од средбата.

Во продолжението, Македонија успеа да го израмни резултатот. По асистенција на Ајетовиќ, Младеновски погодува за 2:2. Во последните мигови од средбата, Федерспиел погоди за победа на Луксембург со 3:2.

Македонија: Хаџибулиќ, Мемиши, Љубевски, Стојковски, Велков, Димитријевски, Јовановиќ, Подграѓа, Елмас, Алиу, Алији;

Во вториот натпревар, на стадионот на Македонија Ѓ.П., фаворитот Франција славеше убедлива победа над Исланд од 4:0, со што го потврди првото место во групата 9 од квалификациите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот