Туристичката сезона во Албанија „изненадувачки“ богата

Плажа во Албанија / фото: EPA-EFE/MALTON DIBRA

Албанскиот премиер Еди Рама изрази големо задоволство од резултатите во областа на туризмот, наведувајќи дека само во првото полугодие од годинава во економијата се слеале над милијарда долари од туризмот.
На средба со туристички работници во пристанишниот град Драч направи кус биланс од туристичката сезона оценувајќи ги резултатите како изненадувачки.

– Имавме изненадувачка сезона како во однос на бројка на туристи, така и на приходи. Што се однесува до економијата, само во првите шест месеци надминавме една милијарда долари приход од туризмот, што е двојно повеќе од минатата година, изјави Рама.

До август, пак, додаде тој, во земјата пристигнале 5,6 милиони туристи, 1,3 милиони повеќе отколку во 2021 година.

Според него и Тирана годинава бележи зголемување на бројот на туристи.

-Тоа се гледа не само од хотелите кои беа полни, туку и бројот на куќи и станови изнајмени преку агенции, рече Рама.

Шефот на албанската Влада најави дека подготвителните работи за следната сезона започнале, со амбиција за повеќе и подобро.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот