Турција бара екстрадиција на поранешен репрезентативец, се соочува со 15 години затвор

twitter/DAILY SABAH

Министерството за правда на Турција побара од САД да го екстрадира поранешниот фудбалер Ариф Ердем.

Поранешната ѕвезда на турскиот фудбал е еден од многумината кои во својата земја беа обвинети дека се припадници на терористичката организација ФЕТО, која се терети за обид за државен удар во 2016 година.

Ерден, исто како и неговиот поранешен колега од турската репрезентација, Хакан Шукур, живее во САД, а Турција денеска побара негова екстрадиција.

Тој се соочува со затворска казна од 15 години поради неговото членство во терористичката организација која ја предводи Фетулах Ѓулен. Покрај него и Шукур, турските власти сите права му ги одзедоа и на НБА кошаркарот Енес Кантер.


Ариф Ердем речиси целата своја фудбалска кариера ја помина во редовите на Галатасарај, а во странство играше за Реал Сосиедад. За турската репрезентација настапи на 60 натпревари и постигна 11 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот