Турција уапси околу 145 членови на Курдистанската работничка партија

Турција полиција / Фото EPA-EFE/SEDAT SUNA

Во текот на ноќта турската полиција уапсила околу 145 лица осомничени за поврзаност со забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), јавија денеска државните медиуми, а пренесува Ројтерс.

Апсењата доаѓаат два дена по бомбашкиот напад во Анкара за кој одговорноста ја презеде милитантната група Курдистанска работничка партија (ПКК).

Двајца напаѓачи во неделата извршија бомбашки напад пред зградата на Министерството за внатрешни работи во Анкара, при што двајца полицајци се полесно повредени, пренесе Ројтерс.

Еден напаѓач се разнел, а другиот бил убиен од полицијата, соопштија претходно локалните власти.

Турција оттогаш изврши воздушни напади на милитантните цели во северен Ирак и ги приведе осомничените во Истанбул во текот на ноќта, неколку часа откако ПКК ја презеде одговорноста за нападот.

Најновите полициски операции беа фокусирани на југоисточната турска провинција Чанлиурфа.

„Против „разузнавачките единици“ на курдската милитантна група ПКК низ целата земја беа извршени 466 операции“, објави денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја на платформата Икс (Твитер).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот