ВИДЕО: Бомбаш самоубиец се разнесе близу полициска станица во Анкара

Терористички напад се случил денеска во Анкара, кога бомбаш самоубиец активирал експлозивна направа во близина на Министерството за полиција.

Министерот за внатрешни работи, Али Јерликаја вели дека „еден терорист се разнел, а другиот е неутрализиран  во терористичкиот напад врз седиштето на турската национална полиција во главниот град Анкара.

Јерликаја во објава на социјалните мрежи изјави дека „терористите“ со лесно комерцијално возило се приближиле до влезот на зградата и дека еден од нив се разнел. Тој додаде дека другиот бил „неутрализиран“ во престрелката со полицијата која следела, во која двајца полицајци исто така биле полесно ранети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот