ТУЃОТО Е ПОДОБРО: Црногорците повеќе ѝ веруваат на ЕУ отколку на сопствената влада

Фото: Профимедиа

Дури 47 отсто од граѓаните на Црна Гора повеќе  ѝ веруваат на Европската Унија отколку на црногорскиот парламент (43 отсто) и црногорската влада (42 отсто), покажува најновото истражување на Евробараметар, направено за потребите на Европскиот парламент.

Истражувањето покажало и дека 90 отсто од Црногорците се приврзани за својата земја, додека 10 отсто од нив не чувствуваат приврзаност, информираат тамошните медиуми.

Кога станува збор за ЕУ, 54 отсто се изјасниле дека се врзани за ЕУ, додека 46 отсто од нив воопшто не биле поврзани.

Многу позитивен став за ЕУ имаат 63 отсто од Црногорците, а многу негативен став 17 отсто од нив.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот