Тројно зголемен бројот на илегални обиди за влез во Хрватска

Во текот на првите осум месеци од оваа година, припадниците на хрватската гранична полиција привеле 11.813 лица кои нелегално се обиделе да ја преминат границата и да влезат во Хрватска, што е за 3609 повеќе отколку во цела 2018 година и 8019 повеќе отколку во истиот период лани.

Тоа се официјални податоци од Министерството за внатрешни работи дадени за Јутарњи лист. Ова значи дека, во просек, 49 мигранти дневно биле запрени од полицијата во обид да ја преминат границата нелегално, пренесува весникот.

Но, вкупниот број на илегални мигранти процесуирани од хрватската полиција во првите осум месеци е далеку поголем. Имено, во тој период словенечката полиција вратила 6447 нелегални мигранти во Хрватска. Тоа се мигранти кои успеале да поминат низ Хрватска и да влезат во Словенија, каде биле приведени од словенечката полиција и потоа се вратиле во Хрватска во согласност со меѓународните регулативи. Така, може да се каже дека помеѓу 1 јануари и 31 август годинава влегле 18.260 нелегални мигранти.

Доколку приливот на мигранти продолжи со тоа темпо, може да се очекува дека до крајот на годината, хрватската полиција да приведе повеќе од 15.000 мигранти кои сакаат илегално да влезат во Хрватска. Тоа би било далеку највисоко ниво од март 2016 година, кога беше запрен голем мигрантски бран од Блискиот Исток, Азија и Африка во Европа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот