Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија

Фото: La voce di Asti

Четворица луѓе го загубија животот во сообраќајна несреќа во провинцијата Асти на патот што ги поврзува Лигурија со јужниот дел на Пиемонт, во областа Понте Верде, Италија во неделата вечер на католички Велигден.

Како што објавија италијанските медиуми, во едниот автомобил биле тројца македонски државјани на возраст од околу 30 години, а со другиот автомобил управувал 23-годишен Италијанец.

На местото на несреќата околу 22 часот интервенирале две противпожарни екипи и сообраќајната полиција. Сè уште не е позната причината за несреќата, но италијанските медиуми велат дека „со сигурност“ станува збор за фронтален судир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот